Поради најновите случувања во Република Македонија, Македонската кошаркарска федерација одлучи да го откаже турнирот за девојчиња до 14 години кој требаше да се одржи претстојниот викенд во Вевчани.

И покрај сите вложени напори за организирање на уште еден турнир за млади кошаркарки со цел да се промовира овој спорт, сметаме дека во моментов одлуката истиот да се откаже е исправна..Се надеваме дека турнирот ќе може да биде одигран во најскор можен рок.