Двојките кои ќе се натпреваруваат во Плејофот од Супер лигата се коплетирани по десет одиграни кола. Па така, по конечниот изглед на табелата МЗТ Скопје Аеродром ќе се пресмета против Куманово додека Работнички ќе си ги одмери силите против Карпош Соколи. Предноста на домашниот терен ќе ја имаат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички кои регуларниот дел од Супер лигата го завршија како прв односно второ пласиран тим на табелата.

Во рамки на последното, десетто коло, Работнички со победа над Фени индустри со 71-89 односно 15-32, 18-14, 18-20, и 20-23 по делници си го осигура второто место на табелата. На овој натпревар гостит од Скопје беа екстрамотивирани во првиот период во кој уфрлија двојно повеќе поени од трикратниот шампион во домашното првенство што се покажа како сосема доволна предностн за опуштена игра во преостанатиот дел од натпреварот.

Стрелци на натпреварот
Фени индустри: Шарабиѕе (10 поени), Марковски (10), Стајиќ (13)
Работнички: Тасовски 913 поени), Мишановиќ (18), Мираковски (15), Николиќ (11)

„Соколите“ од Карпош пак, се надигруваа против гевгелиски Кожув, но разликата во мотивацијата беше евидентна во трретиот период. Гостите започнаа резултатски да заостануваат уште во првиот дел, а искусниот домаќин знаеше како да ги казни грешките во транзицијата на брзиот противник. Во финишот, Карпош Соколи славеше со 85-77 (22-19, 22-20, 20-16, 19-20)

Стрелци на натпреварот
Карпош Соколи: Лабовиќ (17 поени), Соколов (15), Пери (13)
Кожув: Крстевски (26 поени), Хал (10), Мијовиќ (12), Димчевски (13)