Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Карпош Соколи запишаа победа во првиот натпревар од полуфиналната серија во Плејофот. Актуелниот шампион славеше против ланскиот вицешампион со 71-51 односно 20-15, 15-17, 26-12 и 10-7 по делници.

 „Металците“ поставија стабилна игра на паркетот која резултираше со реализација на лесни и брзи поени додека шутот од далечина на противникот не функционираше. Топките кои не завршуваа во обрачот домаќинот на овој натпревар лесно ги прибираше, а Клоф и Мекиќ знаеја како да ги расподелат кон своите соиграчи. Домашниот состав ја искористи и реализаторската криза на противникот во вториот дел од натпреварот за удвојување на предноста и мирен финиш.

Стрелци на натпреварот
МЗТ Скопје Аеродром: Дреновац (17 поени), Лалиќ (14), Мијатовиќ (10), Мекиќ (12)
Куманово 2009: М. Пековиќ (11 поени), Јанески (13), Браун (12)

Вториот натпревар на агендата на првото коло од полуфиналната серија беше Работнички – Карпош Соколи кој започна во истиот термин како и првиот, но поради немање на соодветни услови за доигрување истиот беше одложен. По три одиграни периоди, гостинскиот состав имаше водство од 60-67 кое набрзина беше збришано за егал од 75-75 и неизвесен финиш. Во завршницата победникот беше одлучен најмногу преку поени реализирани од линијата за слободни фрлања. Карпош Соколи славеше со конечни 76-77 односно 13-17, 22-26, 25-24 и 16-10 по делници.

Стрелци на натпреварот
Работнички: Чековски (15 поени), Тасовски (19), Мираковски (17), Мишановиќ (11)
Карпош Соколи: Трајковски (17 поени), Лабовиќ (16), Зековиќ (14)