Со 63-65 младите кошаркари на Вардар ја освоија и третата победа над Работнички и со тоа успеаја да ја одбранат титулата освоена во категоријата М20 минатата година. Избраниците на Дарко Радуловиќ со максимални 3-0 во финалната серија (63-74, 89-86 и 63-65) беа подобри од врсниците на клубот од „Градски Парк“ предводени од Перо Блажевски.