Претстојниот викенд ќе се одржи селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година односно М14 возрасна категорија. Јуниорите, поделени во три термини во зависност од регионот каде е стациониран клубот, ќе одржат тренинг во салата на КК Вардар (мала сала „Кале“) во Скопје, в сабота на 25. февруари.

РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ:

09:00-11:00 часот

КК Водњански лисици; КК Водно санс; КК Работнички; КК Јуниор Скопје; КК Плејмејкер; КК Борец Баскет.

11:00-13:00 часот

КК Крива Паланка; КК Куманово; КК Лирија 77; КК Пинк Пантери; КК Бал фор лајф; КК Милановски; КК Мијхајловски; КК Томас; КК Тетекс;

КК Кетс баскетбал; КК Марфил; КК Шкупи, КК Академија ФМП; КК МЗТ Скопје Аеродром; КК Ангели; КК Феникс 2010; КК Вардар.

13:00-15:00 часот

КК Фени индустри; КК Академик; КК Ролинг; КК МВП Струмица; КК АБА баскет; КК АК Баскет; КК Спортисимо; КК Спорт Тим; КК Кожув; КК УГД Студент; КК Дино баскет; КК Баскет Кам; КК Пиколо; КК АВ Охрид; КК Црн Дрим; КК Пелистер; КК Петревски Битола; КК Јуниор Битола; КК Кичево.

Се молат клубовите да испратат максимум 5 најдобри кошаркари од својот клуб.

Кошаркарите треба да понесат спортска опрема за тренинг.