Во вториот натпревар од финалната серија во рамки на плејофот од тековната натпреврувачка сезона во Прва лига (мажи), Карпош Соколи го совлада актуелниот шампион во домашното првенство, МЗТ Скопје Аеродром и со тоа го изедначи финалниот скор (1-1). Кошаркарите од клубот од Аеродром имаа сила само за првиот период, во кој не му дозволуваа на противникот да направи поголема резултатска предност. Во вториот период, се разиграа шутерите од домашниот состав и со речиси двојно повеќе реализирнаи поени од гостите се замина на пауза (60-42). Самодовербата беше висока на домаќините и во вториот дел, а разликата достигна највисоки 25 поени (81-56) кон крајот на третиот период. Гостите се 'разбудија' во последната четвртина, ја преполовија негативата (87-80) но брзата транзиција не беше доволна за пресврт на резултатот. Во финишот, Карпош Соколи славеше со 104-93 (26-26, 34-16, 21-14, 23-37).

Стрелци на натпреварот
Карпош Соколи: Лабовиќ (24 поени, 10 скокови), Мавра (14), Трајковски (12), Зековиќ (13), Соколов (12), Пери (14)
МЗТ Скопје Аеродром: Лалиќ (16 поени), Мијатовиќ (12), Темс (10), Клоф (19), Дреновац (14)