МЗТ Скопје Аеродром повторно го совлада тимот на Карпош Соколи и поведе со 2-1 во финалната серија од Плејофот во тековната натпреварувачка сезона. Во натпревар кој изобилуваше со реализирани шутеви од далечина, но и со непромислени грешки актуелниот шампион во домашното првенство славеше со конечни 86-80 односно 21-16, 23-18, 19-20 и 23-26 по делници.

Мотивацијата беше присутна и кај двете екипи, но кошаркарите од гостинскиот состав поефикасно ја демонстрираа на паркетот. Желна за да го 'решат' натпреварот уште во првиот период, избраниците на Драган Николиќ започнаа да ја користат својата артилерија од надворешните линии. Доминик Мавра и Жарко Чомагиќ во тој дел беа најефикасни, па му ги пореметија плановите на Анте Назор кој мроаше да повика тајмаут при резултат од 8-14 и да им каже поинаква стратегија на петмината кои ја добија неговата доверба за да бидат на паркетот. Советите кои тој им ги сподели на своите играчи набргу вроди со плод, па кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во целост во свртеа резултатот во своја полза. Следеше период во кој гостите не можеа да реализираат од поле, зонската одбрана не функционираше според замислите на тренерот Драган Николиќ, а голем дел од загубените топки завршуваа токму во обрачот на Карпош Соколи. Домаќините поврзаа 14 поени во низа за за дотогаш највисоко водство од 15 (37-22) по што се 'запали алармот' кај гостинскиот состав. Зовреа страстите, па по еден несреќен дуел „соколите“ останаа без Бојан Трајковски поради пет лични грешки. Се чинеше како да ќе се распадне концентрацијата кај гостите, но веднаш по исклучувањето на Трајковски следеа погодоци зад линијата за три поени на Мавра и на Чомагиќ со кои „соколите“ намалија на 10 поени пред крајот на првиот дел (44-34).

Откако екипите се вратија на паркетот се водеше поен-за-поен битка. Барем до средината на периодот кога разликата започна побрзо да се елиминира. Драган Лабовиќ, кој имаше релизаторска криза започна посериозно да го затвора рекетот и со тоа им овозможи на своите соиграчи да намалат на пет поени (56-51) близу пред почетокот на последните десет минути. Негова најголема поддршка беше и брзиот Кендрик Пери кој најчесто стоеше надвор од линијата за три поени и ги проследуваше топките кон своите соиграчи кога тие не можеа да реализираат од полудистанца и ги враќаа топките кон него. Немаа трпение гостите за акции од поле, па Мавра и Пери двојно го намалија водството со две реализирани тројки едноподруго. Назор ги построи своите кошаркари на тајмаут, па се разигра Темс и разликата одново стана двоцифрена. Нешто повеќе од две минути останаа на семафорот до крајот на овој натпревар кои беа сосема доволни за нова победа на домашниот состав.

 

Стрелци на натпреварот
МЗТ Скопје Аеродом: Клоф (23 поени), Дреновац (20), Темс (20)
Карпош Соколи: Мавра (20 поени), Пери (24), Соколов (10), Лабовиќ (12)