Националната селекција до 20 години прва ќе ги започне репрезентативните активности. Тренерското трио составено од Дарко Радуловиќ, Драган Миленковиќ и селекторот Мирко Петрески ги селектираа кошаркарите и ги избраа тие кои ќе ги бранат боите на Република Македонија на Европското првенство (Дивизија Б) кое во периодот од 14. до 23. јули ќе се одржи во Орадеа Романија.

Последен тренинг на оваа репрезентација е закажан за на 27. мај (сабота) со почеток во 10:00 часот во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“).

Овие 18 кошаркари се повикани за првиот собир кој на 6. јуни (вторник) со почеток во 10:00 часот во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“).

Во рамки на подготвителниот период, пред почетокот на првенството, кошаркарите ќе одиграат пет пријателски натпревари и тоа против селекцијата на Косово (23. јуни), двапати против полската репрезентација (30. јуни и 1. јули) како и двапати ќе си ги одмерат силите против врсниците од Романија (4. и 5. јули). Сите пријателски натпревари ќе бидат одиграни во Скопје.

  1. Петар Прентовиќ – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Дамјан Робев - Вардар
  3. Георги Зафиров – ФМП Академија
  4. Блажо Митков – Вардар
  5. Бојан Серафимов – Вардар
  6. Дејан Србиновски – Вардар
  7. Михајло Митев – Вардар
  8. Виктор Ефремовски – Работнички
  9. Андреј Маслинко – Работнички
  10. Ранко Мамузиќ
  11. Никола Талевски – Пелистер
  12. Елвис Хот
  13. Димитар Пандев
  14. Стеван Глигоријевиќ – АВ Охрид
  15. Оливер Двојаковски
  16. Андреј Атанасовски – Соколи
  17. Давид Георгиев
  18. Ненад Димитријевиќ