Во интерес да јавноста остане информирана за сите настани околу вчерашната одлука да се делегираат судии од странство Македонската кошаркарска федерација одлучи да ја обелодени согласноста на клубовите за ваков исход. Наспроти обидите на одредени медиуми да се извитопери вистината со дезинформации дека раководството на МКФ има задни намери односно исполнува нечии желби и ’бира страна’, сакаме да останеме транспарентни и да потенцираме дека носењето на ваква одлука беше иницирано од желбата за што пофер услови за најважниот натпревар од тековната натпреварувачка сезона.

Македонската кошаркарска федерација им посакува фер битка на двата клуба, нека победи подобриот, нека победи кошарката!