Златко Јанакиевски ќе биде одговорен за физичката подготовка на сениорскиот национален состав во женска конкуренција. Јанакиевски досега бил неизоставен дел од многу клубови, но и од национални селекции и тоа не само во кошаркарскиот спорт па неизбежно беше и неговото вклучување во уште една сениорската репрезентација на Република Македонија.

Јанакиевски веќе има искуство со сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, но во машка конкуренција. Во 2001 година, тој беше дел од стручниот штаб, а во својата кариера беше дел и од тимовите на МЗТ Скопје Аеродром и на Рилски (во кошарка).

Со советите на Златко јанакиевски, во својата физичка подготовка или рехабилитација од повреда напредувале Петар Наумоски, Ѓорѓе Војновиќ, Дејан Јовановски, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Владо Илиевски и многу други.

Покрај улогата на кондициски тренер во сениорската женска репрезентација, Златко Јанакиевски ќе им помага и на сите младински селекции на Република Македонија.