Македонската селекција за кошаркари до 16 години со победа против врсниците од Анадолу Ефес ја започна серијата на пријателски средби на гостувањето во Истанбул, Турција. Нашите млади кошаркари денеска во првиот пријателски меч го победија тимот на Анадолу Ефес со 64-54.

Против истиот ривал македонскиот национален тим ќе одигра уште еден пријателски натпревар на последниот ден од престојот во Турција на 12 февруари.

Утре избраниците на Небојша Ѓуковиќ  ќе се сретнат со кадетите на уште еден Евролигашки состав, Дарушафака.