Националната селекција до 20 години е прва која ќе ги започне репрезентативните активности, не сметајќи ја сениорската репрезентација во женска конкуренција. Репрезентативците изминатата сабота (27. мај, 2017 година) го одржаа последниот селективен тренинг, а веќе идната недела ќе го одржат првиот официјален собир.

Собирот е закажан за на 6. јуни со почеток во 10:00 часот, а ќе се одржи во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“)

Следните кошаркари се најдоа на списокот на селекторот Мирко Петрески кој во својот стручен штаб ги има уште и Драган Миленковиќ и Дарко Радуловиќ.

  1. Петар Прентовиќ – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Дамјан Робев - Вардар
  3. Георги Зафиров – ФМП Академија
  4. Блажо Митков – Вардар
  5. Бојан Серафимов – Вардар
  6. Дејан Србиновски – Вардар
  7. Михајло Митев – Вардар
  8. Виктор Ефремовски – Работнички
  9. Андреј Маслинко – Работнички
  10. Ранко Мамузиќ
  11. Леонид Тодоровски - МЗТ
  12. Елвис Хот
  13. Димитар Пандев
  14. Стеван Глигоријевиќ – АВ Охрид
  15. Оливер Двојаковски
  16. Андреја Атанасов – Соколи
  17. Давид Георгиев
  18. Ненад Димитријевиќ