Од утре (петок, 2. јуни) па сè до недела (4. јуни) во спортскиот центар „Јане Сандански“ македонската сениорска репрезентација во женска конкуренција ќе одигра три натпревари против силни противници на првиот меѓународен пријателски турнир чиј организатор е Македонската кошаркарска федерација. По апстиненција од активности во изминатите три години МКФ ги активира сениорките пријавувајќи ги за квалификациите за континенталното првенство. Во рамки на подготовките, МКФ организира турнир за проверка на силите. Селекторот Марјан Лазовски, заедно со својата десна рака Стојна Вангеловска го состави конечниот список на кошаркарки кои утре ќе излезат на паркетот и ќе ги бранат боите на Република Македонија.

СПИСОК Македонија
Криси Гивенс
Јелена Антиќ
Ана Тантуровска
Ивана Кметовска
Ива Крстевска
Сара Анастасиеска
Драгана Петковска
Нена Трајчевска
Александра Стојановска
Ивона Пејковска
Софија Лазареска
Сандра Лазареска
Марина Неделчева

Прва репрезентација против која македонскиот национален состав ќе си ги одмери силите е соодветната селекција на Бугарија.
СПИСОК Бугарија
Викторија Сојчева
Гергана Иванова
Цветомира Шаренкапова
Христина Иванова
Радостина Димитрова
Габриела Костова
Димана Георгиева
Диана Воинова
Мариа Жељаскова
Карина Константинова
Габриела Николова

Селектор: Стефан Михајлов
Асистент Маргарита Папазова

Натпреварот против Јапонија е закажан за в сабота (3. јуни) со почеток од 19:00 часот.
СПИСОК Јапонија
Јошида Асами
Такада Маки
Осака Јука
Мизушима Саки
Шинозаки Мио
Кондо Каеде
Мотокава Санае
Мачида Руи
Мијазава Јуки
Нагаока Моеко
Фуџиока Манами
Кавамура Мијуки
Немото Харуно
Мавули Евелин
Акахо Сакура

Селектор: Том Ховасе
Асистент: Онзука Тору

Последниот натпревар од овој турнир ќе биде одигран в недела (4. јуни) против селекцијата на Босна и Херцеговина.
СПИСОК Босна и Херцеговина
Брчаниновиќ Мелиса
Мишелјиќ Милина
Омербашиќ Лејла
Глотиќ Наида
Алиспахиќ Зерина
Домузин Драгана
Ковачевиќ Неџла
Кракиќ Ивона
Азиновиќ Сандра
Марковиќ Јована
Зубац Николина
Милаковиќ Јована
Релјиќ Андријана
Хелјиќ Сара
Марјановиќ Горана

Селектор: Мара Брчаниновиќ
Асистент: Мирза Оштраковиќ