Легендарната Марина Маљковиќ одржа двочасовен демонстративен тренинг со сениорската репрезентација на Република Македонија во женска конкуренција. Во пресрет на пријателскиот меѓународен турнир кој почнувајќи од утре (петок, 2. јуни) ќе се одржи во Скопје, трофејниот тренер и доскорешен селектор на српската репрезентација им покажа на нашите девојки, но и сите присутни во салата „Јане Сандански“ како изгледа еден нејзин вообичаен тренинг.