Со убедливи односно 77-62 16-16, 27-9, 18-17 и 16-20 по делници, македонската женска сениорска репрезентација ја совлада соодветната селекција на Бугарија и триумфално го започна пријателскиот меѓународен турнир кој викендов се одржува во Скопје.

По израмнета игра во првиот период, настана апсолутна доминација на паркетот на македонската репрезентација. На Софија Лазареска и тргна шутот за далечина и со три реализирани тројки разликата достигна до 19 поени (43-24). Како растеше предноста на избраничките на Марјан Лазовски така опаѓаше самодовербата на спротивната страна. Тоа резултира со реализаторска криза и доволно простор за да македонските репрезентативки покажат што знаат до крајот на натпреварот.

Стрелци:
Македонија: Антиќ (21 поен), Гивенс (20), Со. Лазареска (13)
Бугарија: Иванова (19 поени), Георгиева (10), Димитрова (11)