Сениорската национална селекција на Република Македонија во женска конкуренција со две победи од три натпревари го заврши пријателскиот турнир организиран од МКФ. Синоќешниот пораз од Јапонија, избраничките на Марјан Лазовски не дозволија да им влијае ниту на самодовербата ниту пак на концентрацијата на теренот. Младите кошаркарки на Босна и Херцеговина имаа сили да им се спротивстават на Македонките само во првиот дел од натпреварот, за да потоа настане апсолутна доминација на теренот на нашите репрезентативки. Во финишот, Македонија слвеше со 72-60.

Стрелци на натпреварот:
Македонија: Гивенс (16), Антиќ (19), Трајчевска (10)
Босна и Херцеговина: Ковачевиќ (14), Брчаниновиќ (21), Марковиќ (13)