Јуниорскиот состав на Работнички ја освои титулата во домашното првенство откако во финалниот натпревар ги совлада противниците од Вардар со 78-60. Младинскиот погон на клубот од „Градски Парк“ наталожи огромна предност уште во првиот дел од натпреварот, па си дозволи опуштен финиш. Со кумулативен индекс од вкупно 65 поени на коисност, Андреј Јордановски од шампионскиот состав доби признание за MVP на фајналфор турнирот. Среброто замина во рацете на Вардар доддека МЗТ Скопје Аеродром со победа од 83-74 над Шкупи го освои бронзениот медал.