Македонскиот Олимписки комитет во соработка со Македонската кошаркарска федерација овозможи учество на младинската селекција (до 18 години) на Олимпискиот младински фестивал кој изминатите пет дена се одржуваше во Албена, Бугарија. Младинската олимписка во состав Дамјан Ѓорѓиевски, Лука Стојановски, Благој Димитриев и Мартин Ѓорѓиев се натпреваруваше во конкуренцијата “3х3“ и го освои првото место со максимални пет победи!

Првите три победи, македонската “3х3“ селекција ги оствари во групната фаза, против екипите Тарговиште, Варна и против Шумен и како првопласирана во групата обезбеди пласман во полуфиналето. Со убедливи 9:4 во полуфиналето македонската селекција славеше против бугарскиот состав Дунав. Во финалето, македонските кошаркари славеа со 10:3 против Шумен (Бугарија) освојувајќи го првото место на Олимпискиот фестивал насловен „Олимписки надежи“.

МКФ сака да изрази јавна благодарност до Македонскиот Олимписки комитет за овозможување на настап на македонската селекција на овој фестивал