Агенцијата за млади и спорт во соработка со Сојузот на спортските федерации како и спортскиот центар „Борис Трајковски“ утре (сабота 25. Февруари) на пладне, ќе организира дружба со познати спортисти на која се поканети сите мали дечиња до десетгодишна возраст. Организираната дружба е дел од проектот „спортот и семејните вредности“ која полека, но сигурно  станува традиционална манифестација која минатата година беше одржана и во повеќе градови ширум Македонија.

„Проектот „спортот и семејните вредности“ има за цел да го промовира спортот преку семејните вредности и да ги стимулира граѓаните преку спортските активности да се дружат, разменуваат искуства и да ги зајакнат врските во поблиското и поширокото семејство. Спортскиот цента „Борис Трајковски“ ќе биде отворен за ревијални спортски натпревари и игри за деца од седум до 10 години кои ќе имаат можност за дружење, спортување и забава со своите најблиски. Настанот е во духот на промоција и на воздигнување на спортот, негување на семејните вредности, мотивирање на граѓаните за што почесто изминато време во спортување“ – вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Проектот е поддржан и од Македонската кошаркарска федерација.