Националната селекција до 18 години утринава (15. јуни, 2017 година) го одржа првиот собир. Со тоа, официјално започнува подготвителниот период пред почетокот на континенталното првенство (дивизија Б) што ова лето, во периодот од 28. јули до 6. август ќе се одржува во Талин, Естонија.

„Задоволен сум како помина првиот собир. Имаме уште работа, треба да се фокусираме на некои финеси во одбраната и ’спејсинг’, но имаме време. Верувам дека сè ќе биде како што треба да биде и достојно ќе се претставиме на Европското првенство“ – се првите импресии на селекторот на оваа репрезентација, Ѓорѓи Кочов.

На календарот на активности пред настапот на Европското првенство се седум пријателски натпревари и тоа:
Словачка - Македонија (30. јуни)
Турција - Македонија (1. јули)
Турција - Македонија (2.јули)
Бугарија – Македонија (3. јули)
Бугарија – Македонија (4. јули)
Австрија – Македонија (8. јули)
Австрија – Македонија (9. јули)