Сениорската национална селекција во машка конкуренција го одржа првиот собир со кој и официјално започнуваат подготовките кои водат до натпреварите од претквалификациите за Светското првенство кое на агендата на ФИБА е закажано за 2019 година. Селекторот Јорданчо Давитков прозиваше, а од првиот собир отсуствуваа Бојан Трајковски, Игор Пенов, Љубомир Младеновски, Лестер Бо Мекејлеб, младинските репрезентативци (М20) како и Џордан Теодор.