Националната селекција до 20 години прва ги започна активностите ова лето. Селекторот Мирко Петрески прозиваше на 6. јуни и оттогаш подготовките на оваа возрасна категорија се во полн ек.

За да репрезентацијата стекне што повеќе искуство пред почетокот на континенталното првенство кое ќе се одржи кон средината на идниот месец, Македонската кошаркарска федерација закажа неколку пријателски натпревари кои ќе се одиграат во Скопје. Првиот пријателски натпревар селекцијата до 20 години ќе го одигра денес против соодветната репрезентација на Косово.

Младинците ќе излезат на паркетот во салата на Вардар (мала сала „Кале“) денес во 18:00 часот со цел да ја запишат првата своја победа. Натпреварот ќе биде од отворен карактер за сите кои ќе сакаат да ја поддржат оваа репрезентација. Статистиката може да се следи на овој линк.