Да се стекне што поголемо искуство во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б), репрезентацијата до 16 години ќе одигра неколку пријателски натпревари во Скопје, но ќе земе и учество на меѓународен пријателски турнир во Истанбул. Оваа селекција, првиот собир ќе го одржи идната недела, поточно в среда (28. јуни) со почеток во 11 часот и 30 минути, а неполн месец од почетокот ќе замине за Истанбул.

На турнирот кој ќе се одигра во периодот од 22. јули до 26. јули, покрај нашите репрезентативци, учество ќе земе и соодветната селекција на Грузија како и репрезентациите до 17 години на Кувајт, Обединети Арапски емирати, Саудиска Арабија и на Катар.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
22. јули, 2017 година
15:00 часот МАКЕДОНИЈА – Кувајт
17:00 часот Грузија – ОАЕ
19:00 часот Саудиска Арабија - Катар

23. јули, 2017 година
15:00 часот Кувајт - Катар
17:00 часот ОАЕ - Саудиска Арабија
19:00 часот МАКЕДОНИЈА - Грузија

24. јули, 2017 година
15:00 часот Грузија – Кувајт
17:00 часот Саудиска Арабија - МАКЕДОНИЈА
19:00 часот Катар – ОАЕ

25. јули, 2017 година
15:00 часот Кувајт - ОАЕ
17:00 часот МАКЕДОНИЈА - Катар
19:00 часот Грузија – Саудиска Арабија

26. јули, 2017 година
15:00 часот Саудиска Арабија – Кувајт
17:00 часот Катар - Грузија
19:00 часот ОАЕ - МАКЕДОНИЈА