Славчо Марковски е името кое во Тетово веднаш се поистоветува со кошарката. Популарниот „Чаве“ целиот свој живот и го посвети на кошарката и на клубот Тетекс каде ги направи првите кошаркарски чекори во кариерата, а подоцна беше и тренер. Славчо Марковски го посети кампот за млади кошаркари кој од 25. јуни се одржува во Маврово. Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски му подари дрес на Марковски од Анадолу Ефес со бројот седум, кој всушност двајцата го носеа во своите кариери.