Националната селекција до 18 години во машка конкуренција попладнево отпатува за Турција каде во текот на наредните пет дена ќе учествува на пријателски меѓународен турнир. За репрезентацијатакоја првиот собир го одржа пред две седмици ова ќе биде првиот официјален тест на силите.

Оваа екипа како колектив заедно тренира веќе десетина дена и овој турнир ќе биде добар момент и одличен тест за нас, за да ние видиме точно до каде сме со работата и воопшто со колкав потенцијал располагаме. Пет дена сме надвор од земјата и ќе имаме простор да работиме на тимската хемија. За жал имаме и неколку кошаркари кои се повредени и кои нема да бидат дел од овој пријателски турнир, но што е тука е. Важно е да понатаму бидеме здрави. – вели Ѓорѓи Кочов, предводникот на оваа репрезентација.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Словачка - Македонија (30. јуни)
Турција - Македонија (1. јули)
Турција - Македонија (2.јули)
Бугарија – Македонија (3. јули)
Бугарија – Македонија (4. јули)