Националната селекција до 20 години во машка конкуренција денес и утре ќе одигра двомеч против соодветната селекција на Полска. За младинците ова ќе биде втор пријателски натпревар по оној против Косово одигран минатата седмица на кој триумфира нашата репрезентација со 82-72.

Натпреварот го анализираа селекторот Мирко Петрески и неговите стручни соработници Драган Миленковиќ и Дарко Радуловиќ, а овој двомеч ќе го искористат за поправање на истите.

На денешниот натпревар очекувам да видам до каде се нашите играчи стиггнати со дел од фактичко-техничката подготовка. Очекувам да бидат борбени сите, да го дадат својот максимум во одбрана и ако сме во можност да оствариме добар резултат. На овие два натпревари шанса за настап ќе добијат сите 16 играчи за да видиме до каде сме и да полека стигнеме и до онаа конечна бројка од 12 играчи. Од првиот натпревар што го одигравме, против Косово, да бидам искрен во дел од играта сум задоволен, во дел не. Од играта во нападот сум повеќе задоволен, во одбраната не баш. Токму на тоа работевме овие неколку дена, на грешките кои ги направивме на тој натпревар како и на недостатоците кои потоа ги анализиравме. Генерално, очекувам да ги поправиме сите грешки. – вели предводникот на оваа селекција.


Натпреварите, како и сите пријателски на оваа селекција, ќе бидат одиграни во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот. Денешниот натпревар ќе биде пренесуван во живо на Собранискиот канал на МРТ, а статистиката може да се проследи на следниот линк. Снимка од утрешниот натпревар ќе биде емитувана во 21:00 часот на Собранискиот канал, а статистиката од истиот може да се следи во живо на следниот линк.