Кошаркарките Илина Селцова (Бадел 1862) и Елена Тасевска (Пелистер) заедно со тренерот Снежана Николовска (МНА Кожувчанка) и судијата Бисера Јакова в недела (2. јули, 2017 година) заминуваат на кошаркарски камп за девојчиња до 15 години. Кампот за кошаркарки се одржува веќе 11 години и Македонската кошаркарска федерација нема испуштено ниту едно издание на истиот.

Минатата година учествуваа кошаркарки од 45 различни земји што говори за растот и развојот на самиот камп. Планирани се бројни активности, како за кошаркарките така и за тренерот односно за судијата.

Активностите на кампот ќе започнат в недела попладне, неколку часа по пристигнувањето, а последниот ден предвиден со активности е 8. јули.