Кампот во Маврово успешно се реализира и оваа година. Вкупно 60 млади и талентирани кошаркари од кои половина се дел од репрезентацијата до 14 години, а половина од репрезентацијата до 15 години во изминатите пет дена го впиваа знаењето од 12 македонски тренери како и од тројца од САД меѓу кои и координаторот на овој проект Крис Дајл.

Дополнителни фотографии од секој ден од кампот можат да се погледнат на следниот ЛИНК.