Репрезентацијата на Полска триумфира на првиот натпревар од двомечот закажан со нашата младинска репрезентација. Избраниците на Мирко Петрески не се предадоа лесно, во два наврати се враќаа и од двоцифрена негатива, но во финишот Полска сепак славеше со конечни 55-65 односно 15-8, 13-16, 18-16 и 9-15 по делници.

СТРЕЛЦИ:

Робев (6 поени), Ефремовски (10), Митев (6), Мамузиќ (7), Глигоријевиќ (4), Србиновски (2), Серафимов (3), Атанасов (5), Зафиров (3), Маслинко (7), Пандев (2).