Репрезентативците до 18 години го запишаа првиот пораз на турнирот во Турција. По извонредната победа над Словачка избраниците на Ѓорѓи Кочов не успеаја да и се спротивстават на соодветната селекција на Турција од која загубија со 96-57.

Турските млади кошаркари уште на стартот на натпреварот ја диктираа играта што резултира со двоцифрфено водство по десет минути поминати на паркетот (17-7). Во остатокот од првиот период домаќините на овој турнир наталожија огромна предност, која македонската селекција успеа да ја преполови во вториот период. На пауза се замина со 45-31, водсттво кое јуниротие на Турција успеаја да го задржат до крајот на натпреварот.

СТРЕЛЦИ
Трсунов (6 опени), Стојановски (12), Јордановски (4), Крстевски (4), Волкановски (2), Панов (6), Темелковски (2), Михајловски (13), Какруки (8)