Синоќешниот пораз од селекцијата на Полска младинците веднаш го заборавија и 24 часа подоцна им 'вратија' мило за драго. Селекцијата на Полска немаше среќа втор ден по ред да слави над нашите младинци кои го добија вториот натпревар со 63-54.

Двете селекција наизменични си го предаваа водството к,ое во првиот период беше повеќе во корист на условниот домаќин на оваа средба. Во вториот период, младинските репрездентативци се фокусираа повеќе на одбраната, а смирената рака на шутерите им го донесе и водството кое им даде самодоверба за да го одржат истото до крајот на натпреварот.