Сениорите утринава заминаа за Маврово каде до крајот на тековната недела ќе ги обавуваат подготовките. Репрезентацијата ќе биде комплетна по приклучувањето на Џордан Теодор в четврток. По пет дена во Маврово, сениорите ќе заминат за Словачка каде ќе одиграат пријателски двомеч. Потоа следи натпревар во Скопје против соодветната селекција на Бугарија, неколку дена пред почетокот на традиционалниот турнир кој се одржува в Скопје, „Трофеј Македонија“.