Синоќешниот несреќен пораз од Бугарија јуниорите експресно го заборавија и денес им вратија ’мило за драго’. Минималниот триумф од 64-69 (16-12, 20-11, 13-20, 15-26) ќе влијае на самодовербата на младите кошаркари кои денес се враќаат во Скопје каде жќе продолжат со подготовките. Следат уште два пријателски натпревари, против Австрија на гостински терен, пред настап на Европското првенство што ќе се одржи во Талин, Естонија.

СТРЕЛЦИ:
Трсунов (2 поени), Стојановски (15), Крстевски (14), Панов (5), Темелковски (6), Михајловски (13). Какруки (10), Стојанов (4)