Четвртиот пријателски натпревар на репрезентацијата до 20 години ја донесе и третата победа во подготвителниот период во рпесрет на Европското првенство. Избраниците на Мирко Петрески ја демонстрираа својата сила, наметнувајќи свој ритам на игра уште на стартот на натпреварот. Шутерите беа расположени за гира во текот на целиот натпревар, а одбраната одигра на висина на задачата. Двоцифрена предност нашите младинци наталожија уште во првиот период (22-12), а во кризните моменти кога противникот ја намали предноста, зонската одбрана беше адутот на нашите кошаркари. Вториот дел од натпреварот беше одигран во смирена атмосфера, а предноста продолжи да расте, се до конечни 76-65 односно 22-18, 23-23, 18-8 и 13-16 по делници.

СТРЕЛЦИ:
Митев (10поени), Маслинко (16), Ефремовски (14), Робев (10), Серафимов (3), Атанасов (7), Зафиров (5), Двојаковски (9), Мамузиќ (2)