Кадетките ова лето ќе имаат тешка задача. На Европското првенство, Дивизија Б ќе имаат цел да ги бранат боите на Република Македонија пред домашната публика. Со денешниот тренинг официјално започнаа подготовките кои ќе водат до првенството кое на 17. август ќе стартува во нашиот главен град. Утринските тренинзи се резервирани за в сала додека попладневните ќе бидат одржувани покрај кејот на реката Вардар каде со репрезентацијата ќе работи Златко Јанакиевски.

На утринскиот тренинг прозиваше селекторот Стојна Вангеловска, а девојките се појавија свежи од одмор и подготвени за напорната работа која им рпетстои. Вечерниот тренинг на кејот започна со мало изненадување од репрезентативките за асистентот Енвер Мифтари кој денес го прославува својот роденден.