Романските репрезентативци и се реваншираа на македонската младинска селекција. Пред 24 часа избраниците на Мирко Петрески им нанесоа пораз на домаќините на овогодишното издание на Европското првенство за кошаркари до 20 години (дивизија Б), а денес немаа сили за реприза на синоќешната игра.

Романија го диктираше темпото уште на стартот откако по четири минути игра имаше водство од 10-0. Тоа активира аларм кај Петрески кој ги построи младинците, па негативата започна да се намалува. Комуникацијата помеѓу играчите се подобри во вториот период што резултира и со повеќе уфрлени поени споредено со првиот период, но сепак тоа не беше доволно за пресврт. Разликата од осум поени на полувремето (37-29) условните домаќини успеаја да ја задржат до крајот на натпреварот, до конечни 85-66.

Следно за оваа селекција е уште еден пријателски натпревар, на гости против Косово, в недела (9. јули, 2017 година), а потоа и заминување за Орадеа на Европското првенство.

СТРЕЛЦИ:
Серафимов (1 поен), Ефремовски (10), Мамузиќ (8), Глигоријевиќ (13),Митев (18), Атанасов (2), Митков (6), Маслинко (4), Робев (4)