Јуниорската репрезентација одигра двомеч против Австрија кој е последен во низата на пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период. Избраниците на Ѓорѓи Кочов го загубија првиот натпревар во Виена со 89-63 односно 31-18, 13-17, 23-14 и 22-14 по делници додека на вториот натпревар запишаа убедлива победа од 60-75 односно 13-16, 20-16, 17-26 и 10-17 по периоди.

Јуниорите денес се враќаат во Скопје каде од утре ќе продолжат со подготовките кои водат до Европското првеснтво (Дивизија Б) кое ќе се одигра во Талин, Естонија во периодот од 29. јули до 6. август.

СТРЕЛЦИ; ПРВ НАТПРЕВАР
Трсунов (2 поени), Стојановски (14), Јордановски (5), Крстевски (16), Панов (11), Михајловски (7), Какруки (6), Наумоски (2)

СТРЕЛЦИ; ВТОР НАТПРЕВАР
Стојановски (15поени), Јордановски (13), Крстевски (15), Волкановски (4), Темелковски (1),  Михајловски (22), Какруки (5)