Втората сезона во Лигата на шампиони на ФИБА ќе започне на 10. октомври оваа календарска година. Вкупно 32 екипи од Стариот континент ќе се натпреваруваат за престижната титула, а свој рпетставник ќе има и Република Македонија. Карпош Соколи, клубот кој по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона го освои второто место во домашното првенство ќе се обиде да стигне до регуларниот дел од сезоната преку три квалификациски рунди (Q1, Q2 и Q3) во кои ќе се сретне со Калев Крамо, а потоа со Алба Фехервар (доколку ја мине првата рунда) и со Пинар Каршијака (доколку ја мине втората рунда).

Доколку македонскиот вицешампион ги помине трите квалификациски рунди би се пласирал во групата A.