Сениорската репрезентација на Македонија го загуби првиот пријателски натпревар во рамки на овој подготвителен период од Словачка со 89-74. Двајцата селектори одлучија првиот натпревар од овој пријателски двомеч да биде одигран зад затворени врати, без водење на официјална статистика како и каков било пренос од истиот.

Првата битка можеби резултатски е загубена, но нашите најдобри репрезентативци ќе мораат да смогнат сили и да ја темпираат формата во периодот што следи почнувајќи од вториот пријателски натпревар исто така против Словачка кој ќе биде одигран утре (12. јули) со почеток во 16:00 часот.

Стрелци
Теодор (18 поени), Николовски (15),Стојановски (11), Чековски (10)