Нашата младинска репрезентација попладнево замина за Романија каде во наредните десет дена ќе ги брани боите на Република Македонија на Европското првенство. Младинците нешто повеќе од месец дена тренираа под диригентската палка на селекторот Мирко Петрески чии совети порај аут линијата ќе ги слушаат и во Орадеа на првенството.

Македонската кошаркарска федерација сака да им посака успех на младите кошаркари. Среќно момци!