Нашите младинци го отворија Европското првенство (дивизија Б) со триумф од 62-54 над соодветната селекција на Албанија.

Натпреварот не го отворивме добро откако противниците го најдоа патот до нашиот обрач, а ние се мачевме неколку минути да го сториме истото. Следеше период во кој доминираа нашите младинци, па го преземавме водството со 8-2. Добрата игра продолжи до крајот на првиот дел од натпреварот кој го добивме со 31-21. Вториот дел не го отворивме на посакуваниот начин. Противникот беше доминантен на паркетот и со серија од девет поени во низа ја анулира нашата предност. Следеше егал кој продолжи до истекот на 40. минута (50-50). Во продолжението ги надмудривме противникот и ја запишавме првата победа.

СТРЕЛЦИ
Митев (5поени), Прентовиќ (5), Робев (25), Маслинко (8), Ефремовски (3), Двојаковски (12), Мамузиќ (3), Пандев (1)