Од претстојниот четврток, па сè до сабота в Скопје ќе се одржи турнирот „Трофеј Македонија“. Во нашата престолнина ќе гостуваат сениорските селекции на Португалија, Холандија и на Босна и Херцеговина против кои ќе се надигруваат избраниците на Јорданчо Давитков со желба што повеќе да се воигра националниот состам кому му претстојат претквалификациите за СП 2019.

Во интерес да VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ (каде ќе се одиграат сите натпревари) биде што повеќе полна, Македонската кошаркарска федерација одлучи да ги отвори вратите за сите натпревари. Поддршката од трибините е секогаш добредојдена.
Сите натпревари на нашата репрезентација ќе бидат пренесувани и на првиот програмски сервис при националната телевизија (МРТ).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
20. јули, 2017 година (четврток)
18:00 часот Босна и Херцеговина – Холандија
20:30 часот МАКЕДОНИЈА - Португалија

21. јули, 2017 година (петок)
18:00 часот Португалија - Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија - МАКЕДОНИЈА

22. јули, 2017 година (сабота)
18:00 часот МАКЕДОНИЈА - Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија - Португалија
 

Неколку дена по завршување на турнирот нашите репрезентативци ќе заминат за Бугарија на уште еден пријателски натпревар (28. јули), последен во рамки на подготвителниот период пред почетокот на претквалификациите за СП 2019.