Кадетските репрезентативки се враќаат со еден пораз и една победа од пријателскиот двомеч кој го одиграа против соодветната селекција на Бугарија. Првиот натпревар заврши со резултат 74-46 (22-11, 22-10, 14-17, 17-8) во корист на домаќинот додека на вториот натпревар избраничките на Стојна Вангеловска се консолидираа и победија со.62-68 (20-15, 12-16, 11-20, 19-17).

Стрелци прв натпревар
Тасевска (2 поени), Плакај (14), Попдимитрова (3), Јустијаноска (4), Николиќ (13), Атанасовска (2), Митрева (23), Кошобашиоска (7)

Следно за нашите кадетки е мал турнир кој ќе се одржи во Скопје, а ќе ни гостуваат селекциите на Израел и на Бугарија.

РАСПОРЕД ТУРНИР
МАКЕДОНИЈА - Израел (21. јули)
Израел - МАКЕДОНИЈА (22. јули)
Бугарија - Израел (23. јули)
МАКЕДОНИЈА - Бугарија (24. јули)