Турнирот на кој ќе земат учество нашите репрезентативни кадети доживеа мала промена откако дел од учесниците го откажаа своето учество. Националните селекции на Кувајт, ОАЕ и на Саудиска Арабија се повлекоа од учествување во овој меѓународен пријателски турнир кој од сабота ќе се одигра во Истанбул, а нивното место ќе го заземе екипата на Истанбул Баскет. Покрај нашата репрезентација и Истанбул Баскет на турнирот ќе учествуваат и Катар и Грузија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
22. јули
МАКЕДОНИЈА - Грузија
23. јули
Грузија - МАКЕДОНИЈА
24. јули
Истанбул Баскет - МАКЕДОНИЈА
25. јули
МАКЕДОНИЈА - Катар