Со победа над Малта со 60-99 (22-19, 14-24, 15-30, 9-26) младинците ја завршуваат групната фаза на Европското првенство (Дивизија Б) кое оваа година се одигрува во Орадеа, Романија. Со две победи и два пораза зад себе, нашите младинци го заземаа четвртото место на табелата во групата Ц и по еден ден одмор ќе разигруваат за пласман од деветтото до шеснаесеттото место на првенството. Иден противник ќе ни биде третопласираниот во групата Д, а првиот натпревар за пласман ќе го одиграме на 21. јули (петок).

СТРЕЛЦИ
Митев (3поени, 9 скока, 7 асистенции), Серафимов (3), Атанасов (9), Прентовиќ (4), Робев (11), Митков (10), Маслинко (16поени, 7 асистенции), Ефремовски (27), Двојаковски (6), Мамузиќ (2), Пандев (6)