Вториот пријателски натпревар за нашата кадетска репрезентација го донесе првиот пораз на репрезентативците до 16 години во рамки на подготвителниот период. Бугарија славеше со 60-81 (20-21, 15-13, 12-19, 13-28).

Резултатски го отворивме натпреварот, но немавме концентрација па им дозволивме на противниците да направат серија од десет поени во низа (3-10). Негативниот резултат го алармира нашиот состав, па селекторот Горан Ѓорѓиевски повика тајмаут. Советите кои селекторот им ги подели на нашите кадети вродија со плод па со подобра комуникација на паркетот успеавме да се доближиме на еден поен негатива (15-16). До крајот на првиот период со неколку брзи контри го одржавме резултатот на еден поен негатива (20-21), Во вториот период игравме поен за поен. Првото изедначување го направивме по неколку реализирани шутеви од далечина (26-26) по кое повторно следеше пад на концентрацијата и серија на противникот од шест поени за 31-37. До полувремето се застануваше и на линијата за слободни која нè доведе до 35-44 на полувремето. Во вториот дел од натпреварот противникот беше побрз во транзицијата па негативата која требаше да ја 'бркаме' брзо порасна на 18 поени (45-63). Одбраната беше поагресивна кај двете селекции во последниот период, но брзината на противникот беше клучна во неколку контра-напади за финалниот исход.

СТРЕЛЦИ
А.Наумоски (14поени), Митевски (10), Исајловски (6), Миловновиќ (4), Бошковски (5), Јакимовски (13), Л.Наумоски (6), Јанев (2),