Четириесет минути не им беа доволни на селекциите на Босна и Херцеговина и Холандија за го одлучат победникот на првиот натпревар од турнирот „Трофеј Македонија“. Условниот домаќин на овој натпревар речиси 35 минути беше во резултатски негатива, а потоа презеде иницијатива и успеа да изедначи во самиот финиш (77-77; 16-25, 22-18, 16-17, 23-17). Се чинеше како да едно продолжение ќе биде доволно, но сепак случајот не беше таков. Со резултат од 89-89 се влезе во второто продолжение од кое како победник излезе селекцијата на со конечни 102-96.

 

СТРЕЛЦИ
БИХ: Сејфиќ (10поени), Врабац (12), Хасандиќ (16), Гегиќ (5), Ренфрое (27), Лончар (10), Атиќ (10), Абијаниќ (1), Гајиќ (2), Захирагиќ (3), Лазиќ (6),
ХОЛАНДИЈА: Вилијамс (3поени), Улдмарс (6), Норел (4), Воорн (6), Де Јонг (24), Франхе (21), Боухнехт (7), Шафтенакр (12), Кок (8), О.Шафтенакр (2)