Нашите кадетки запишаа уште една победа во рамки на подготвителниот период. Овој пат избраничките на Стојна Вангеловска беа посилни од репрезентацијата на Косово против која на гостински терен славеа со 67-85 (11-18, 14-20, 22-26, 20-21). За нашите кадетки ова е втора победа, од три одиграни пријателски натпревари досега (сметајќи од првиот официјален собир). 

СТРЕЛЦИ
Николиќ (12 поени), Митрева (31), Кошобашиоска (4), Атанасовска (8), Тасевска (14), Плакај (7), Устијанова (2), Секуловска (2), Димитријевиќ (4)

Од утре, кадетките ќе ги нагостат селекциите на Израел и на Бугарија во Скопје на мал пријателски турнир.

*Фотографијата е преземена од официјалната фејсбук страница на Косовската кошаркарска федерација.