Македонската кошаркарска федерација од 17. до 26. август 2017 година ќе биде организатор на Европско првенство за кошаркарки до 16 години Дивизија Б во Скопје. На првенството, покрај кадетската репрезентација на Македонија ќе настапат уште 21 репрезентација. Натпреварите ќе бидат одиграни во VIP Арената при спортскиот центар„Борис Трајковски“ и во спортскиот центар „Јане Сандански“. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: „Континентал“ и во „Александар Палас“.

МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на уште еден континентален собир во Скопје.

Ќе биде избран 21 водич (team attache) за гостинските репрезентации како и четири одговорни лица за хотел. 

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака  „За конкурс за ЕП во Скопје“.

- Водич на репрезентациja | team atache  – е лице кое ја придружува екипата на тренинзи, натпревари и е одговорно за насоки и помош на својата екипа надвор од хотелот или спортската сала.

- Одговорно лице за хотел - (лице кое располага со сите потребни информации за првенството и за екипите/официјалните лица сместени во соодветниот хотел и е на нивно располагање за ефективно решавање на сите нивни барања и прашања во рамките на хотелот)

Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.

Рокот за пријавување е до 3. август, 2017 година во 16:00 часот.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани најдоцна до 5. август, 2017 година.

Ангажманите на избраните апликанти почнуваат на 15. август и траат непрекинато до крајот на првенството односно 26. август 2017 година. Ангажманите не се волонтерски, сите водичи ќе добијат хонорар во висина од 5.000 денари, одговорните лица во хотел „Александар Палас“ ќе добијат 10.000 денари додека одговорните лица во хотел „Континентал“  по 12.000. Одговорните лица во хотелите ќе имаат работно време од по осум часа.