Кадетските репрезентативци изминатите четири дена ги минаа во Истанбул каде земаа учество на пријателски меѓународен турнир. Првично, на турнирот требаше само национални селекции, но поради откажување на три учесници (ОАЕ, Саудиска Арабија, Кувајт) домаќинот покани два клуба за да турнирот сепак се одржи.

Учесници на турнирот, на крајот, беа селекцијата на Грузија до 16 години, Галатасарај и селекцијата на Катар до 16 години (покрај нашата кадетска репрезентација). 
На првиот натпревар загубивме од Грузија со 61-69. Галатасарај ги совладавме со тесни 68-69, а селекцијта на Катар не ни беше израмнет противник и загуби од нас со 74-49.

Избраниците на Горан Ѓорѓиевски продолжуваат со работа в Скопје пред заминувањето за Софија на континенталниот собир на 9. август.